Санирање на оштетувањата на улиците во градот
Општина Велес овие денови спроведува акција за крпење на ударните дупки на градските сообраќајници.
Ќе бидат закрпени со асфалтна маса сите улици кои се од витална важност за нормално одвивање на сообраќајот, а исто така ќе бидат санирани и поголеми оштетувања на улиците.
По завршувањето, ќе следи и обележување на хоризонталната сигнализација. Средствата за градежните работи се обезбедени од Буџетот на Општина Велес.