Tеатарската претстава „Прекината одисеја“

Почитувани,
Ве известуваме дека во среда, на 21 септември, на големата сцена на Театар „Џинот“ Велес со почеток во 20 часот, ќе биде изведена театарската претстава „Прекината одисеја“, копродукциски проект на Македонскиот Народен Театар и Театарот „Хелена Моджејевска“ од Полска, под покровителство на Министерството за култура на Р. Македонија.

Режисер на претставата е Јацек Гломб, а драматург Роберт Урбањски. Претставата е базирана на судбината и егзодусот на децата бегалци од егејскиот дел на Македонија кои завршуваат во градот Легница во Полска. Во претставата настапуваат актери од Македонија и Полска, кои заедно со режисерот Јацек Гломб ја истражуваа оваа комплексна тема, преку прибирање на податоци за тие големи човечки судбини и преку разговори со децата бегалци кои беа директни учесници во големиот прогон.
Во рамките на гостувањето, покрај изведбата на претставата, во фоајето на Театарот ќе биде поставена и изложбата „Деца бегалци“.
Билетите за претставата се веќе пуштени во продажба на билетарницата на театарот.