Започна проектот за реконструкција на водоводни линии

Проектот кој предвидува реконструкција на водоводните линии низ повеќе улици од градот започна да се реализира. Градежни работи денес се одвиваа на улицата „Рилски Конгрес” (поранешна „Игманска”) каде должината на водоводната линија која ќе се замени е во должина од 995 метри. Следни за работа ќе бидат улиците „Гемиџиска”, „Партение Зографски”, „Киро Ќучук”, „Мицко Козар”, „Васил Главинов” и „Благој Ѓорев”. Вкупната должина на целата мрежа изнесува 2.855 метри. Целиот проект е во вредост од 9.454.161 денари, средства обезбедени преку Европската инвестициона банка.