ЕВРОПСКА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ

„ Паметното движење – силна економија“ е пораката на годинешнава најголема европска кампања посветена на одржливата мобилност во урбаните средини. Целта на кампањата е да се развивава дијалог помеѓу сите засегнати страни за различни аспекти на мобилност, да се предлагаат и тестираат иновативни сообраќајни решенија, нови технологии или мерки за планирање на урбаниот транспорот со што ќе се обезбеди намалување на употребата на автомобилите и намалување на штетните еимисии на гасови во воздухот.

Денес, со затворање за сообраќај на улицата „Димко Најдов“ со почеток од 12.00 се пешачеше на предвидената релација а учениците од основните и средните училишта возеа велосипеди. Со ова граѓаните на Велес упатија силна порака дека автомобилите треба да се користат одговорно, треба да се избира „паметен“ начин на транспорт, при што би се користеле предностите на современиот урбан начин на живеење, но при тоа би се водело сметка за животната средина и загадувањето што го произведуваме.
Кога секој од нас би направил макар и мала позитивна промена во секојдневните навики би се изненадиле колку размислувањето и бирањето на начинот на транспорт може да влијае врз обезбедување на почиста животна средина, намалена бучава, подобрено здравје, заштеден семеен, но и државен буџет.