Kлубот во мал фудбал „Велес” подготвен за новата сезона
Започнува второто коло од натпреварувачката сезона во мал фудбал. Велешкиот клуб кој е со ново раководство е подготвен за натпреварите. Првиот противник е екипата на Чико, со кого во Сабота ќе бидат одмерени силите на терен.
Зад управниот одбор и финансирањето на клубот од ова лето застана Васко Скендеровски со својот менаџерски тим. Тренер на клубот е поранешниот тренер на Железарец, Иван Божовиќ.
Денес на прием кај велешкиот градоначалник Славчо Чадиев раководството на клубот ги презентираше своите планови. Целта е оваа година клубот во мал фудбал „Велес”, да биде првак на Македонија, а воедно да игра во Лига на шампиони.
Општина Велес и градоначалникот ќе ги стават на располагање сите капацитети со кои се располага во интерес на развојот на малиот фудбал и воопшто на секој спорт онаму каде што може да се помогне.