Плакета за Градоначалникот Славчо Чадиев од Сојузот на здруженијата на пензионери
Претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионери на Република Македонија, Драги Аргировски денеска му врачи плакета на Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев. Признанието му го додели за особен придонес во развојот на пензионерското организирање во државата.Во изминативе неколку години Општина Велес и Здружението на пензионери партнерски работеа на повеќе проекти и реализираа идеи со кои се подобри животот на пензионерите.
Двете страни се задоволни од досегашната соработка, која со ненамален интензитет очекуваат да продолжи и во иднина.
Доделувањето на плакетата за велешкиот градоначалник е по повод 70 години од формирањето на Здруженијата и Сојузот кои ги штитат прават на лицата во пензија.