Национална стратегија за женско претприемништво
Во Општина Велес денеска се одржа работилница, која е дел од изработката на „Национална стратегија за женско претприемништво“. Велес е една од петте општини каде се изработува стратегијата. Досега се изврши анкетно испитување, дијалози, разговори со Невладините организации и локалните самоуправи,а сега во тек е крајната фаза. Организаторите велат дека дел од предлозите и идеите кои ги даваат претставниците на НВО секторот и Општините ќе бидат вклучени во конечната верзија на документот.
Очекувањата се дека документот ќе биде готов до крајот на 2016 година. Истражувањето на оваа тема се реализира во изминативе четири години. Го реализира Здружението на бизнис жени во соработка со Министерството за економија, а со поддршка на Шведската влада.