Учениците од основните и средните училишта учат здраво да се хранат
Ценатрот за јавно здравје во соработка со Општина Велес и училиштата започнаа да реализираат кампања за здрав и правилен начин на исхана. Кампањата се спроведува преку трибини кои се одржуваат во сите основни и средни училишта во градот.
Медицински тим од Центарот за јавно здравје го презентира здравиот начин на исхрана и таквиот тип на живот на трибини со работна тема: „Правилната исхрана на младите луѓе и здравствените ризици од неправилната исхрана“.
Современиот начин на живот и забрзаното темпо, најчесто се причина за децата да практикуваат начин на исхрана кој не е здрав и препорачлив од надлежните.
Досега вакви трибини се одржаа во ООУ „Благој Кирков“ , „ООУ ЈХК Џинот“, ООУ „Св. Кирил и Методиј“ ,ООУ „Блаже Конески“ и СОУ „Јовче Тесличков“, а во наредниот период ќе бидат опфатени и преостанатите.
Како дел од кампањата вклучени се и учениците од ученичкиот дом Лазар Лазаревски.