Археолошки истражувања на локалитет „Велешко кале“
Општина Велес и Народниот музеј вршат истражување на археолошкиот локалитет „Велешко кале“ во непосредна близина на градот. Целта на надлежните е да се претстави целосна слика за условите во кој се одвивал животот на нашите предци. Тимови на Народниот музеј од Велес ги вршат ископувањата, кои се финасирани од Општина Велес. Градоначалникот Славчо Чадиев и пратеникот Илија Димовски денска беа на лице место и го видоа напредокот кој го направија археолозите. Во наредниот период, се планира да се изработи проект за пристапност со што локалитетот ќе стане попосетуван од домашните и странските туристи. „Општина Велес се вклучува во истражувањето на локалитетот.
Целта ние е да дознаеме какво е неговото значење. Откако ќе се истражи поголем дел од него ќе поставиме патокази, ќе го направиме и пристапен за сите туристи да можат да ја видат историската вредност на ова место„рече Славчо Чадиев Градоначалник на Општина Велес. Акцентот во истражувањата во моментов е ставен на Акрополата. Таа е истражена 70 проценти. Археолозите откриле дека на ова место прво постоела Хеленистичка населба, а таа подоцна се развила во Доцно античка населба со големи одбрамнени ѕидови. „Зошто се одлучивме за Акрополата? Затоа што на овој простор се развива градот. Ако добро ја истражиме ќе имаме целосна слика за оваа населба„вели Анита Василкова Милевска виш кустос во НУ Народен музеј Велес. Последниот запис за човек кој живеел во оваа неселба датира од 1825 година.