Градоначалникот на средби со граѓани во МЗ Црквино и Караслари

Дефинирањето на приоритетите во годишните програми за работа на Општината во 2017 година и редовниот контакт со граѓаните од сите населени места се главните цели на средбите со граѓаните кои вечерва ги оствари Градоначалникот Славчо Чадиев. Тој се сретна со жителите на Месните заедници во селата Црквино и Караслари. На средбите лично ги слушна приоритетите на месното население. Тие најчесто се на полето на уредување на градежното земјиште. Во село Црквино, граѓаните побараа изградба и уредување на центарот на селото, подобро улично осветлување и поставување на легнати полицајци за побезбеден сообраќај.

Во Караслари како приоритет е детектирана изградбата на улицата која води до гробиштата, а се разговараше и за почеток на изградба на црква. Освен овие, жителите од двете населени места дадоа низа предлози и сугестии со кои може да се подобри животот. Во наредните денови вакви средби ќе се одржат и во останатите Месни заедници.