Пуштен во употреба нов парен котел во ООУ „Св. Кирил и Методиј“
Целосно е надминат проблемот со стариот и дотраен котел за затоплување на Основното училиште „Свети Кирил и Методиј“ во Велес. Градоначалникот Славчо Чадиев денеска го пушти во употреба новиот парен котел, кој се набави со средства од Буџетот на Општината. „Досега во училиштето континуирано имавме проблеми со затоплувањето. Новиот котел значи дека тоа ќе биде минато. Од денеска па во иднина учениците и вработените ќе престојуваат во добро затоплени простории„рече Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев. Новиот парен котел работи на нафта.
Има моќност од 580 киловати. Тоа е многу повеќе од стариот кој имаше 407. Во училиштето пристигна пред една недела. Денеска се заврши надзорот и ревизијата на целокупниот проект, по што се стави во погон. Од Општина Велес велат дека продолжуваат да работат на полето на енергетската ефикасност во училиштата. Следен проект ќе биде замена на прозори во ООУ „Блаже Конески“.