Ликовна работилница во ПОУ „Маца Овчарова
Во Посебното основно училиште „Маца Овчарова“ денееска се одржа традиционалната Ребубличка ликовна работилница. На истата учество зедоа ученици од сите Посебни основни училишта од државата и основците од редовните училишта од Велес, Градско и Чашка. Нивните ликовни вештини учениците ги покажаа преку делата кои ги изработија врз производи од керамика, по што оваа работилница е специфична и многу ретка. Покровител на манифестацијата и овојпат, 20-та година по ред е Општина Велес. Таа е дел од низата настани со кои се одбележува 3-ти Декември Светскиот ден на лицата со хендикеп.