Kонституиран „Советот за заштита на потрошувачите
Граѓаните добија уште едно тело кое ќе ги заштитува нивните права како потрошувачи. Во просториите на локалната самоуправа денеска конституиран „Советот за заштита на потрошувачите на Општина Велес“. Советот има седум членови од Пазарниот инспекторат, УЈП, Стопанската комора, општинските институции ,невладините организации кои се борат за правата на граѓаните и од Советот на Општина Велес.
Мандатот на членовите е две години. Советот за заштита на потрошувачите во иднина ќе ги разгледува и утврдува предлозите со: - Следење на состојбата на квалитетот на услугите што ги даваат јавните служби, - Дава мислења и предлози за подобрување на квалитетот на услугите, - Се грижи за решавање на проблемите при користење на услугите - Организира јавни трибини и други форми на учество на граѓаните - Се грижи за односот на вработените кај давателот на услугите кон корисниците - Соработува со општинската администрација На конститутвната седница денеска членовите едногласно го усвоија деловникот и предлог- програмата за работа во наредниот двегодишен период. За претседател на телото ја избраа Весна Атанасовска,а нејзин заменик ќе биде Бојан Нанев.