Недела за грижа на стари лица
Под мотото „Сите сме нивни деца“ Општина Велес, Советот на млади и Здружението на пензионери ја одбележаа неделата за грижа на стари лица. За оваа цел денеска беа посетени стари лица во велешките села Кумарино, Отовица и Сујаклари и беа поделени хуманитарни пакети со прехрамбени производи. „Помошта е симболична, но она што е поважо е да се испрати пораката дека треба да се грижиме за старите лица. Впрочем и мотото на акцијата го покажува тоа. „Сите сме нивни деца“ едноставно потребно е да им ја вратиме грижата која тие ни ја давале додека не влегле во зрелото доба.
Ние како Општина Велес имаме и проект за активно стареење со кој ја промовираме меѓугенерациската соработка„рече Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев. Денешната посета на старите лица во село Отовица се одржа во клубот на пензионери, додека во Кумарино и Сујаклари тие беа посетени во нивните домови.