Се прави паркинг во Велес
Општина Велес продолжува да работи на решавање на проблемот со недостиг на паркинг простор во градот. Работници од фирма иведувач веќе поставуват нова подлога со бекатон во близина на ООУ „Васил Главинов“. Таму се врши партерно уредување на паркинг простор со вкупна површина од 1300 метри квадратни. Уредувањето е предвидено во програмата за работа на Општина Велес за 2016 година. Проценките се дека на оваа локација ќе се паркират околу 100-тина возила. Во изминативе три години многу проекти се реалзираа на ова поле.
Уредени се 12 паркинг простори со вкупно 583 паркинг места.