Паркинг за 60 возила на улица Никола Карев
Заврши реконструкцијата на паркингот на улица Никола Карев во непосредна близина на Основното училиште „Васил Главинов“. Како дел од програмата за уредување на градежно земјиште – уредување на простори пред згради и зелени површини, поплочени се 1300 метри квадратни кои значително ќе подобрат за решавање на проблемот со недостиг на паркинг простор во овој дел од градот. Капацитетот на новиот паркинг изнесува 60 возила. Проектот чини 1,3 милони денари. Во изминативе три и пол години Општина Велес придава големо значење на проблемот со недостиг на паркинг простор.
Како дел решението досега изградени се 13 паркинг простори со вкупно 660 места за паркирање. Доколку дозволат временските услови фирма ангажирана од Општина Велес и во наредните денови ќе изврши дел од градежните зафати предвидени во годишната програма за работа.