Јавна расправа за Нацрт-буџетот на општина Велес за 2017
Во просториите на Општина Велес денеска се одржа јавната расправа по нацрт-буџетот за 2017 годива. Претставниците од Урбаните и Месни заедници, лица од невладиниот сектор, образованието и институциите под надлежност на локалната самоуправа го видоа годишниот план на приходи и расходи за наредната година.
Денешната јавна расправа е само уште еден доказ за транспарентното работење на општината, но и продолжување на веќе востановената пракса буџетот да се носи во две фази.
Во наредниот период Советот на Општина Велес треба да го донесе предлог-буџетот.
Истиот начин и продцедура претходно беа применети во случаите со предлог програмите за работа на Општина Велес во сите области од општественото живеење.