Нови водоводни линии за седум улици во Велес
Општина Велес започна да врши замена на старите салонитни цевки со азбест од водоводната мрежа со нови. Проектот кој е финасиран преку Европската инвестициона банка опфаќа седум улици во градот. Нови водоводни полиетиленски цевки ќе бидат поставени долж улиците: Васил Главинов, Партение Зогравски, Мицко Козар, Титовоужичка, Игманска, Киро Ќучук и Гемиџиска.
Вкупната вредност на проектот изнесува девет милиони денари. Обезбедена е техничката документациа и одобренијата. Во оваа фаза ќе за замени главната водоводна линија, а потоа ќе следуваат и приклучоците кон домовите.