Градежни зафати на улиците М. Страчков и Т. Ацев
Општина Велес во моментов работи на проект со кој е предвидено тампонирање и прередување на коцката на улиците Милан Страчков и Тодор Ацев. Работници од фирма изведувач се на терен и ги извршуваат градежните зафати. Истовремено со реализицијата на проектот ќе се реши и проблемот со атмосферските води за граѓаните кои живеат во тој дел од градот. Вкупната должина на двете улици е околу 300 метри.
Добрите временски услови за овој период од годината дозволуваат да ја продолжиме оваа градежна сезона.