Новогодишни пакетчиња за децата од велешката болница
Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев денеска во традиционална предновогодишна посета на Општата болница. На децата кои се згрижени на детското одделение им донесе новогодишни пакетчиња за малку да им ги развесели празниците.
Новогодишната жебла во пресрет на празниците најпрво е подобро здравје, а потоа среќа, радост и успеси.
Менаџментот на болницата го запозна градоначалникот со моменталната бројка на пациенти и состојбата со заболувањата во градот. Тие очекуваат празниците да ги поминат работно, капацитетите се полни, но болницата има потребни средства и услови за успешно да се справи со сите пациенти, велат надлежните.