Првото бебе во 2017 во Велес е машко

Општина Велес на 1-ви јануари 2017 година го доби најмладиот жител. Во 05:00 часот по полноќ на гинеколошко-акушерското одделение во Општата болница на свет дојде правото дете. Градоначалникот Славчо Чадиев денеска ги посети мајката и детето. На мајката Тања, традиционално и додели подароци за приновата во семејството.

 Надлежните во болницата денеска потврдија дека мајката и бебето Даниел се во добра здравствена ситуација. На првата ноќ во годината во одделението имало две породувања.