Целосна реконструкција на улиците во Чалошево и Мамутчево

Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев денеска потпиша договор со фирмата „Изгрев Инженеринг“ за реализација на проект „Реконструкција на улици во населените места Чалошево и Мамутчево“. Со проектот се опфатени речиси сите улици во ови две населени места. Во Мамутчево ќе се асфалтираат седум. Вкупната должина на градежниот зафат ќе изнесува 1007 метри. Во Чалошево проектот опфаќа асфалтирање на улици во должина од 1062 метри.

На овој начин Општина Велес трајно ќе ги реши инфраструктурните проблеми со кои се соочуват жителите во овие две населени места. Меѓутоа освен таму предвидени се проекти и во останатите рурални средини. Проектот за „Реконструкција на улици во населените места Чалошево и Мамутчево“ чини скоро 12 милиони денари, средства обезбедени од Европска Унија преку ИПА претпристапните фондови, а администрирани според Светска банка.На чинот на потпишување на договорот денеска присувствуваа и претставниците на Месните заедници.