Активности за згрижување на ранливите категории

Поради најавите за студен бран кој ќе го зафати нашиот регион, Општина Велес ги превзема потребните мерки и активности за заштита на бездомните лица кои се детектирани како најранлива категорија при вакви временски услови. По контактите кои ги имавме со Меѓуопштинскиот центар за социјални работи имаме информација дена во Велес регистрирани се тројца бездомници. Двајца од нив веќе се сместени во „Чичино село“ во објектот кој е наменета за оваа цел, додека третиот одбива било каква помош и сместување, постапка за која има потпишано и писмена изјава.

Сепак Општина Велес со цел да им помогне на лицата кои се бездомници исто како и во минатата година, адаптираше една просторија. Таа е опремена со грејно тело, кревети, постелнина. Во собата има тоалет и практично таму може да се задоволат сите потреби. Во меѓувреме ќе бидат формирани и патролни тимови кои ќе бидат на терен и ќе интервенираат доколку забележат лице на кое му е потребна помош.

Апелираме до оние лица кои можеби не се евидентирани во Центарот за социјални работи или пак до граѓаните доколку имаат сознанија за вакви лица да ги упатат во Меѓуопштинскиот ценатр за социјални работи од каде ќе не контактираат и ќе ги сместиме во адаптираната просторија. Доколку сакаат ќе им организираме и превоз во „Чичино село“.