Презентирана сообраќајна студија
Општина Велес продолжува со изнаоѓање на решенија со цел подобро функционирање на сообраќајот. Градоначалникот, Славчо Чадиев денеска на прес конфернција ја презентираше новата сообраќајна студија. Документот го опфаќа потегот во градот од крстосницата со семафорите, по улицата „Наум Наумовски – Борче“ пред ЕВН па се до спојот со „Благој Ѓорев“.
Со новата сообраќајна стидија предвидени се три нови позиции:
•Првата е изградба на „Турбо кружен тек“ на крстосницата популарно наречена „Панини“ при што улицата „Прва Комуна“ да стане еднонасочна.
•Втората промена е воведување на мини кружен тек на крстосницата кај ЕВН.
•Третата позиција е крстосницата која сега е сообраќајно регулирана со семафори, во иднина и таму да се изгради „Турбо кружен тек“.
Оваа сообаќајна студија во наредниот период ќе биде презентирана пред повеќе граѓани и пред стручната јавност, по што ќе се одржат и јавни расправи околу проектот по кој ќе се знае мислењето за неа.