Бадниковата литија за Божик
За прв пат во Велес годинава се одржа Бадникова литија по повод големиот христијански празник „Рождество христово – Божик“. Околу 100-тина деца беа дел од поворката која го навести раѓањето на Исус Христос. По светата литургија која се одржа во црквата „Св. Козма и Дамјан“ процесијата се упати кон просториите на Општината. Таму ги пречека градоначалникот Славчо Чадиев. Тој ги даруваше децата со бадникови подароци, а тие ја испејаа песната „Вечниот бог“.
На ваков начион Бадник годинава се оджележува и во останатите градови. Од Повардарската епархија се надеваат дека ова ќе стане традиција.