Спасена старица од премрзнување

Ниските температури и студеното време се причина 80 годишна жена од Велес да се најде на работ на премрзнување. Најлошото е избегнато со реакција на Градоначалникот Славчо Чадиев и надлежните служби. По пријава на соседите во домот на старицата прво пристигнала полицијата, тие го алармираа градоначалникот, по што тој пристигна на лице место. Веднаш, околу полноќ жената брзо беше префрлена во општата болница каде прими прва помош.

Во куќата во населбата „Дворови“ таа нема греење. Освен премрзаната, беше и гладна, затоа што не информира дека една недела не излегувала од дома поради влошената здравствена состојба. Во текот на утрешниот ден надлежните служби ќе ги превземат сите потребни мерки и понатамошни активности за згрижување.. Општина Велес одново упатува апел за внимателност на ниските темпреатури. Доколку граѓаните имаат сознанија за вакви случаи да ги информираат институциите.