Општина Велес втора најтранспарентна во 2016 година

Транспаретноста секогаш била една од главните карактеристки на Општина Велес. Дека работиме посветено на ова поле доказ е последното истражување кое го изврши „Центарот за граѓански комуникации“ од Скопје. Тие го објавија индексот на активна транспарентност во 2016 година.Истражувањето ги опфаќа сите 81 општина, градот Скопје и 15 Министерства.
На тоа рангирање Општина Велес е на второто место на генералната скала помеѓу останатите Општини во државата веднаш зад Крива паланка.

Истражувањето покажало дека Општина Велес во 83,6 проценти ги извршува своите обврски кои ги има на полето на транспарентност, со што ја добива оценката многу добро.Велес е најтранспарентна, ако се гледаат Општините само во Вардарскиот плански регион. Останатите Општини во овој регион имаат просечна оценка од 39,1 отсто. Токму овие бројки се доказ дека Општина Велес е многу над просекот и во врвот на транспарентноста во Македонија. Сепак, овие резултати не значат дека ние нема да се подобруваме, туку напратив во иднина ќе работиме нa задржување на вака високото ниво на транспарентност, па дури и негово подобрување.