Потребите и барањата на граѓаните остануваат приоритет за Општината
Во 2016 година Општина Велес успешно заврши 114 проекти од кои директна корист имаат сите граѓани на Велес.
Економијата и натаму останува приоритет број еден. Во 2016 се гордееме со успешната приказна во која прерасна фабриката „Маркарт“. Таму работат над 320 велешани. Македонско – турската компанија „Еуро Брик Компани“ го рестартираше Киро Куќук, а набрзо се очекува и да се стави во погон фабриката на „СТС Текстајлс“ кои инвестираа во погоните на поранешна Свилара.
Со цел привлекување на домашни и странски инвестиции целосно ја уредивме индустриската зона во „Караслари“ и ја оформивме новата во Мамутчево која по површина е најголемата со 43,76 хектари.
За подобрување на инфраструктурата досега реализиравме 120 проекти. Само во 2016 година Општина Велес реализираше 41 инфраструктурен проект. Од нив 26 се однесуваат на реконструкција (асфалтирање и бетонирање) на улици во градската средина и во населените места, а 15 проекти се однесуваат на поставување нови водоводни линии. Вкупно реконструирани се 27 000 метри од патната инфраструктура и 14 500 метри водоводна мрежа.
Изградивме и три нови паркинг простори со вкупно 145 нови места за паркирање.
Образованието останува една од најзначајните области на кој работиме многу. Во 2016 инвестиравме 310 000 евра. Поставивме нови фасада во ССОУ „Коле Неделковски“. Неодмана таму го пуштивме и новиот систем за ладење и греење во спортската сала.
Изградивме ново училиште во Сливник. Набавивме парен котел во ООУ „Св Кирил и Методиј“ и поставивме нови ПВЦ прозори во најладните училници во ООУ „Блаже Конески“. Се реконструираа терасите во спалните соби и се набавија нови душеци во Ученичкот дом Лазар Лазаревски.
Велес од секогаш бил град на културата. Во 2016 реализиравме 91 културен настан. Вреди уште еднаш да се спомене „ПИТИЈАДАТА“, која беше најуспешна мафифестација досега. Велес го посетија над 100 000 гости и три дена беше апсолутен центар на Македонија. Останатите традиционални културни манифестации: Рацинови средби, ФАД Стоби, ИФФ Велес, Вардарска регата Гемиџии се издигнаа на ниво повеќе.
На полето на спортот реализиравме многу проекти. Градскиот стадион останува во фокусот. Оваа година ќе набавиме уште 1000 столчиња и целосно ќе се постави осветлување. За прв пат организиравме атлетски полумаратон, по трет пат и пливачки маратон, а посебно не радува фактот што финасиски директно ги поддржавме ГРК „Борец“ и ГОК „Борец“ , но и посредувавме стабилни спонзори да добијат фудбалските клубови „Борец“ и „Гемиџии“, Кошаркарскиот „Борец Еуро Брик“ и фут-сал клубот „Велес“.
Продолжуваме финасиски да стоиме и зад останатите спорски клубови од градот. 45 екипи во сениорска конкуренција и 20 во младинска добија вкупно 3 милиони денари, средства со кои се покриваат трошоците за тренинг преку целата година.
Почитувани во 2016 Продолживме да им помагаме на социјално ранливите категории на граѓани. Општина Велес купи две електромоторни инвалидски колички и еден хидрауличен елеватор-лифт. Доделивме финасиски средства за училишен прибор на децата без родителска грижа и за денот на гладните. Директна финасиска помош добија 136 семејства од социјален ризик.
Во овој дел многу е значајно драстично се подобрија условите за престој во детските градинки. Преку проектот „Енерџинет“ пет конови добија нови термоизолациони фасади кои се енергетски ефикасни. Инвестицијата е во висина од 66 000 евра. Исто така адаптиравме просотор и набрзо ќе ја отвориме првата градинска во рурална средина во Општина Велес. Објектот во село Караслари потребно е само да се доопреми со мебел и таму предучилишно образование ќе може да стекнат децата од ова населено место, но и децата на вработените во Маркарт.
И во 2017 година, Општина Велес ќе продолжи да работи со ова темпо. Предвидени се многу проекти, но најзначајните ќе бидат следните:
1. Како прв проект предвиден за реализација е „ПОКРИЕН ГРАДСКИ ПАЗАР“.
Реализацијата чини почетни 12 милиони денари. Средства кои Општина Велес ги издвои од сопствениот буџет. Тој воедно е 10 капитален проект ветен во изборната програма од локалните избори. Останатите девет се веќе реализирани. Покриениот градски пазар ќе преставува модерен објект кој ќе ги исполнува сите стандарди за продажба на храна, во подобри услови, како за продавачите, така и за купувачите
2. Во 2017 година предвидена е изградба на водоводна линија за Раштани и Бузалково. Со овој проект предвидено е да се поврзат овие две населени места со водата од градскиот водоснабдителен систем и на тој начин трајно да го решат проблемот во чистата вода за пиење. Израбтоката на овој проект предвидено е за биде 12 милиони денари.
3. Во населеното место Отовица ќе се изгради водовод и канализација. Проектот е еден од најголемите за Општина Велес во 2017. Инвестицијата чини 17 милиони денари.
4. Во близина на Башино село ќе се реализираат два големи инфраструктирни проекти со вкупна вредност од 9 милиони денари: Изградба на нов кружен тек на крстосницата пред Башино село и изградба на пешачки мост кој ќе ги поврзува локалната Црква и гробиштата.
5. Комплетно ќе ги уредиме улиците во населените места Мамутчево и Чалошево. Договорот за реализација на овој проект веќе е потпишан се чека да се подобрат временските услови и да започнат работите. Проектот чини 12 милиони денари. Вкупната должина која ќе се асфалрира изнесува 2070 метри.
6. Во наредната година продолжуваме со реконструкцијата на градскиот стадион. Теренот веќе е во совршена состојба, но во 2017 ќе продолжиме со уредувањето на трибините, осветлувањто, просотрот во околината и останатите пропратни елементи.
7. Индустриските зони и натму ни се многу важен сегмент за развој на локалната економија. Во 2017 ќе инвестираме 15 милиони денари инфраструктурно уредување улиците во зоните, како и во сателитската населба на езерото Младост.
Почитувани за оваа година предвидовме уште многу проекти, се со цел да го подобриме квалитетот на животот во градот:
- За прв пат ќе изградиме велосипедска патека, затоа што реално имаме потреба од неа.
- На градскиот парк ќе му го вратиме стариот сјај.
- Ќе поставиме нова урбана опрема.