Легализацијата на дивоградби во Општина Велес е 57 проценти.

Легализацијата на дивоизградените објекти во градот е процес на кој Општина Велес му придава големо значење. Со оваа можност многу граѓани и семејства за 1 евро по метар квадратен можат да ги озаконат нивните објекти за семејно домувањекои кои од различни причини биле изградени без потребна документација.До Општина Велес поднесени се вкупно 9477 барања за легализација.

Од нив 7864 се барања поднесени во првиот рок за легализација, додека останатите 1613 се во вториот рок.Надлежните служби во Општина Велес секојдневно работат на решавање на овие предмети. Заклучно со денешниот ден донесени се 5350 решенија за легализација. Тоа практично значи дека во Велес имаме 5350 објекти кои не се дивоградби и нивните сопственици сега имаат законско право на користење на личниот имот.Бројките покажуваат дека 57 проценти од барањата за легализација се веќе завршени. Апел до граѓаните кои поднеле барање за легализација во вториот рок, дека имаат времеснка рамка до крајот на 2017-та да приложат елаборат. Токму недостигот на елаборати најмногу го кочи процесот на легализација.По завршувањето на легализацијата ќе се пристапи кон втората фаза, а тоа е внесување во деталните урбанистички планови на сите бесправно изградени, а сега веќе легализирани објекти. Само така ќе имаме и вистинска слика за состојбата со инфраструктурата и за потребата од нејзино проширување.