Нова водоводна линија на улица Маца Овчарова

По завршување на ектремно ниските температури, Општина Велес продолжува со инфраструктурни зафати за граѓаните. Во моментов екипи од фирма изведувач работат на улица „Mаца Овчарова“ од левата страна на градот во месноста „Потокот“. Се врши замена на старите и дотраени водоводни цевки, во нови.

На овој начин треба да се подобри снабдувањето и квалитетот на водата за пиење за жителите од улицата. Градежните зафати се изведуваат во должина од 100 метри.