Уништена урбанта опрема во паркот пред ООУ „Васил Главинов“

Продолжува несовесното однесува на дел од граѓаните на Велес. Урбанта опрема во еден од најубавите паркови во градот, пред ООУ „Васил Главинов“, од неодамна е речиси целосно уништена. Искршени се летниковците, клупите за седење и корпите за отпадоци. Општина Велес уште еднаш апелира до граѓаните: Да го зачуваме и да се грижиме за тоа што е заедничко.

Само така градот ќе ни биде поубаво место за живеење. За да им биде појасно на граѓаните колкава е штетата која се предизвикува од ваквото однесување на поединци или групи ќе посочиме дека во изминативе три години за поправка или замента на уништената урбана опрема потрошени се вкупно 46 000 евра. Тие средства можеа да се искористат во многу други цели.