По 22-ри пат се одржа манифестацијата „Блакцето на Баба“

Продолжува традиција во Општина Велес. По 22-ри пат претставници на здруженијата на пензионери од целата држава се собраа на манифестацијата „Блакцето на Баба“. Над 350 жени пензионерки ги претставија благите специјалитети од нивната кујна.

Присутните гости се насладија со старински благца, како раванија, шеќерлеме, алва, фурки, гурабии, баклави, татлии... Целта на настанот е да не се заборават токму овие специјалитети, туку да се зачуваат и истите да се подготвуваат и во иднина. Организатор и годинава беше Здружението на пензионери,поддржани од Општина Велес.