Реконструкција во ООУ „Св.Кирил и Методиј“
Започна реконструкцијата во ООУ „Свети Кирил и Методиј“ како дел од прокетот „Изградба и опремување на 145 спортски сали“ и реконструкција на средни и основни училишта во Република Македонија.Во Општина Велес дел од овој проект е токму основното училиште „Свети Кирил и Методиј“. Истиот чини 5 милиони денари и со него се предвидува реконструкција на спортската сала, подовите во 15 училници, но и ќе се постави нова фасада на стариот објект.
Практично овој проект е продолжување на претходниот преку кој беа рехабилитирани кровот, двете згради на училиштето, подовите, надворешната столарија и фасадата на поновиот објект. Инвестицијата изнесуваше 15,5 милиони денари. Во изминативе четири години Општина Велес вложи многу во образованието. Одредени зафати и реконструкции се направени со сите средни и основни училишта. За таа цел инвестирани се вкупно 1.029.806 евра.