Започнува проектот „Реконструкција на улици во Чалошево“
Во населеното место Чалошево започна реализацијата на проектот „Реконструкција на улици“. Во тек се подготвителните активности за асфалтирање. Проектот предвидува реконструкција на основна траса, пристапен пат и еден крак. Вкупната должина која ќе биде асфалтирана изнесува 1062 метри. По должината на улиците кои се предмет на овој проект се наоѓаат индивидуални станбени куќи, викенд куќи, основно училиште со настава до петто одделение, преработувачки погон за земјоделски производи.
Директни корисници од овој проект ќе бидат околу 300 жители на селото од 75 домаќинства. За реализација на градежните активности ќе бидат инвестирани околу шест милиони денари, средства обезбедени од Европска Унија преку ИПА претпристапните фондови, а администрирани според Светска банка. Освен во ова место целосна реконструкција на улиците ќе се направи и во Мамутчево.