Донација - Возило за инвалидни лица

Германската компанија „Дрекселмаер“ со посредство на германската амбасада и Општина Велес денеска на Здружението на граѓани „Мобилност“ им донираа возило кое ќе служи за транспорт на лица со хендикеп.Се работи на патничко моторно возило – комбе на кое има монтирано дел за хидраулика кој ќе се користи за влез и излез на лицата кои се движат со помош на инвалидски колички. Целта е во иднина сите здруженија на лица со посебни потреби да го користат. На тој начин ќе им се излезе во пресрет на потребите.

 

Новото возило денеска официјално беше предадено на користење. Бидејќи Буџетот на здружението „Мобилност“ за 2017 веќе е креиран, Општина Велес се обврзува оваа година да му помогне на здружението со тоа што ќе ги преземе трошоците за одржување на возилото. Приоритет на локалната самоуправа е обезбедување на социјална заштита на лицата со инвалидност, подигање на социјалната сигурност и намалување на социјалната исклученост.

На денешниот настан, кој се одржа во граѓанскиот сервис ценар присувстваше и Амбасадорот на Германија во Р. Македонија Кристине Д. Алтхаузер, која претходно имаше работни средби со градоначалникот Славчо Чадиев и пратеникот Илија Димовски, како и Лукас Мирингер генерален директор на Дрекслмајер