64-та СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС
Претседателот на Советот на Општина Велес, Александар Колев ја информира јавноста дека денес 27.02.2017 година (понеделник) во просториите на Општина Велес со почеток во 13:00 часот, Советот на Општина Велес ќе ја одржи 64-тата седница.
За 64-та седница на Советот предложен е следниот дневен ред:
1. Советнички прашања.
Согласно Деловникот за работа на Советот на Општина Велес, Градоначалникот на Општина Велес пред советниците е должен да одговори на прашањата кои тие ги имаат, а кои се во интерес на потребите на сите граѓани од Општина Велес.
2. Предлог-одлука за верификација на мандат на член на Советот на Општина Велес
На претходната седница Советот донесе решение за престанок на мандат на член на Советот на Општина Велес. Претседателот на Советот се обрати со допис до општинската изборна комисија за да достават следен кандидат од листата од која доаѓа разрешениот член. Од Општинската изборна комисија пристигна допис односно Уверение за избран советник кое се разгледува од Верификационата комисија која поднесува извештај со предлог до Советот на Општина Велес.
3. Квартален извештај за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2016 до 31.12.2016 година.
Кварталниот извештај за звршување на Буџетот на Општина Велес за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2016 до 31.12.2016 е направен согласно член 32 од Законот за финасирање на ЕЛС. Кварталните извештаи за реализирање на Буџетот, Градоначалникот ги доставува до Министерството за финасии и до Советот во рок од еден месец по завршување на кварталот. Во кварталниот финасиски извештај за реализација на Буџетот на Општина Велес се внесуваат податоци за планираните тековно-оперативни и капитални приходи и расходи на годишно ниво. Процентот на остварување на вкупните приходи на Буџетот на Општина Велес за 2016 година изнесува 71,80 проценти.
4. Предлог-Буџетски календар на Општина Велес за 2018 година
Со буџетскиот календар се утврдуваат основните активности кои треба да се спроведат во утврдени рокови со цел да се изврши добра подготовка и планирање на буџетот за наредната 2018 година. Календарскиот процес отпочнува со почетокот
на фискалната година и завршува со усвојувањето на Предлог-Буџетот
за наредната година.
5. Предлог-одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Велес за 2017 година
Со оваа Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Велес за 2017 година, се врши проширување на средствата во Буџетот на Општина Велес за 2017 година, во колоната за донации во вкупен износ од 7.440.000 ден. Соласно потпишан договор за грант помеѓу Општина Велес и Министерство за финансии за проектот “Реконструкција на сообраќајна инфраструктурна мрежа во село Чалошево и Село Мамутчево”, потребно е да се изврши проширување на Буџетот на Општина Велес, во колоната за донации во износ од 7.440.000 денари.
6. Предлог-oдлука за отпис и расходување на основни средства, опрема и ситен инвентар сопственост на Општина Велес
Со оваа Одлука ќе се изврши отпис и расходување на основни средства, опрема и ситен инвентар, сопственост на Општина Велес, евидентирани во Буџетот на Општина Велес за 2016 година. При извршениот годишен попис кои се извршува редовно на крајот на тековната година, пронајдени се основни ствари, опрема и ситен инвентар кои се во дотраена состојба и се дава предлог за нивно отпишување од книговодствената евиденција и предлог да се отуѓат на начин за кое ќе даде предлог Комисијата која ќе се формирана од Советот на Општина Велес. Спецификацијата која е составен дел на оваа Одлука содржи: бројот на стварите и опремата и ситниот инвентар предложени за отпис со книговодствена вредност.
7. Предлог-oдлука за отпис на застарени обврски во Буџетот на Општина Велес во 2016 година
При извршувањето на редовниот годишен попис од страна на Kомисијата за вршење попис на парични средства на сметка и благајна на Буџетот, како и попис на целокупните побарувања и обврски на Општина Велес, формирана од Градоначалникот на Општина Велес, најдено е дека во истата се провлекуваат застарени побарување и обврски. Со донесувањето на оваа Одлука ќе се изврши ослободување на Буџетот на општината со долг кој не е реален, само книговодствено се води во висина од 488.480,00 денари.
8. Предлог-одлука за утврдување на потреба за пренамена на површина со класа на намена Д3 (рекреативно зеленило) во класа на намена А1 (Домување во станбени куќи) заради усогласување на намената на бесправните објекти изградени во КО Велес
До Општина Велес поднесени се барања за утврдување на правен статус на бесправен објект од четворица баратели. Бесправните објекти кои се предмет на барањата за утврдување на правен статус се наоѓаат на земјиште чијашто класа на намена согласно Генералниот урбанистички план на град Велес е Д3 (рекреативно зеленило). Со цел непречено да се продолжи постапката за утврдување на правен статус на овие бесправно изградени објекти (кои несомнено се изградени пред многу години) и поефикасно да се заврши постапката во пресрет на граѓаните, потребно е да се изврши пренамена на земјиштето со класа на намена рекреативно зеленило во класа на намена А1-Домување во станбени куќи.
9. Предлог-одлука за утврдување на потреба за пренамена на површина со класа на намена Д2 (Заштитно зеленило) во класа на намена А1 (Домување во станбени куќи) заради усогласување на намената на бесправните објекти изградени во КО Велес
Бесправните објекти кои се предмет на барањата за утврдување на правен статус се наоѓаат на земјиште чијашто класа на намена согласно Генералниот урбанистички план на град Велес е Д2-Заштитно зеленило. Со цел непречено да се продолжи постапката за утврдување на правен статус на овие бесправно изградени објекти кои несомнено се изградени пред многу години и поефикасно да се заврши постапката во пресрет на граѓаните, потребно е да се изврши пренамена на земјиштето со класа на намена Д2-Заштитно зеленило во класа на намена А1-Домување во станбени куќи.
10. Предлог-oдлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти изградени во КО Велес
До Општина Велес поднесени се голем број на барања за утврдување на правен статус на бесправни објекти изградени на катастарски парцели кои се наоѓаат вон границите на важечкиот Генерален урбанистички план на град Велес. Со цел непречено да се продолжи постапката за утврдување на правен статус на овие бесправно изградени објекти (кои несомнено се изградени пред многу години) и поефикасно да се заврши постапката во пресрет на граѓаните, потребно е да биде извршено проширување на планскиот опфат. На овој начин голем дел од започнатите постапки би се завршиле и барателите ќе добијат Решенија за утврдување на правен статус кои престставуваат правен основ за запишување на правото на сопственост во јавната книга за запишување на правата на недвижностите.
11. Предлог-oдлука за изменување и дополнување на Одлуката за одржување на јавната чистота на територијата на Општина Велес
Одлуката за одржување на јавната чистота на територијата на Општина Велес донесена од Советот на Општина Велес се менува и дополнува, заради усогласување со измените во Законот за јавна чистота.
Со измените се појаснуваат одредени изрази и се додаваат нови членови
кои се однесуваат на обезбедување на јавната чистота на: јавните површини, неизградено градежно земјиште сопственост на физички и правни лица во централно подрачје на општината и јавната чистота на отворените простори на јавните објекти.
12. Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за изработка на Урбанистички планови во Општина Велес за 2017 година
Во Програмата за изработка на Урбанистички планови во Општина Велес за 2017 година се врши следнава измена: Во глава II –„Планирање“, точка 5 „Планови во постапка:“ Во табелата после реден бр. 31 текстот во табелата се додаваат нови редови: Изменување и дополнување на Детален урбанистички план за Централно градско подрачје, дел од урбан блок 32 во УЕ4 – Општина Велес, Детален урбанистички план за дел од УЕ 7, дел од УБ 38, Општина Велес Урбанистички план вон населено место за изградба на комплекс со намена А4-времено сместување-викенд населба- во КО Башино село Во глава II –„Планирање“, после точка 5 се додава нова точка: Планирани за изработка се следните Локални урбанистички плански документации: Локална урбанистичка планска документација за Д3 – Спорт и рекреација (мото крос патека) во К.О. Новачани, Општина Велес
13. Предлог-правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот и постапката за реализирање на културната манифестација Интернационален фолклорен фестивал Велес
Во Правилникот за начинот и постапката за реализирање на Културната манифестација Интернационален фолклорен фестивал „Велес“-Велес што е донесен во 2006 година не е прецизно наведено на кој начин се утврдуваат членовите на Организациониот одбор што го реализираат фестивалот, нивниот број исто така не е точно утврден и мандатот на членовите на Организациониот одбор. Со предложените измени на Правилникот точно се утврдува начинот на кој се делегираат членови во Одборот како и нивниот мандат.
14. Предлог-план за запишување на ученици во прва година во средните општински училишта во Општина Велес за учебната 2017/18.
За следната учебна година се планира да се запишат во прва година 1054 ученици во 31 паралелки од кои 30 на македонски наставен јазик и 1 паралека на албански наставен јазик, а се очекува да се запишат и деветоодделенци од други општини. По донесувањето на овој план истиот се доставува до Министерството за образование и наука
15. Годишен извештај за остварување на правото на слободен пристап на информации за 2016 година
Податоците во извештајот се внесени врз основа на сублимираните предмети во документацијата на општината за 2016 година како и врз основа на известувањата, извештаите и информациите доставени до Општина Велес од страна на јавните претпријатија, училиштата и локалните установи. Општина Велес, Јавните претпријатија, училиштата и локалните установи како иматели на информации се обврзани секој поединечно до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер да достават Годишен извештај за примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер за 2016 година најдоцна до 31.01. 2017 година.
16. Извештај за примена на мерки за енергетска ефикасност во 2016 година
Согласно член 132 од Законот за енергетика, Општина Велес има обврска за носење „Програма за енергетска ефикасност 2016-2018“, усвоена од Советот на Општина Велес. Ова е трета таква програма со која се опфатени најголем број мерки кои можат да се превземат во објектите во сопственост на Општина Велес. Главна цел е да се намалат трошоците за енергија во општината. Тоа се постигнува преку реализација на проекти за енергетска ефикасност. Со овој Извештај се дава приказ за реализацијата на програма за енергетска ефикасност за 2016 година.
17. Извештај за работата на локалниот економско социјален совет на Општина Велес за 2016 година
Во текот на 2016 година Локалниот економско социјален совет на Општина Велес активно се вклучени во активности за унапредување на капацитетите на ЛЕСС на Општина Велес, на претставниците од Социјалните партнери и на вработените во Општина Велес. Преставници од ЛЕСС на Општина Велес учествува на обуки посветени на градење на капацитетите за релевантните Меѓународни стандарди, родовата еднаквост и недискриминацијата. Сите овие обуки се подготовка за активностите што треба да ги превземе овој совет во тековната 2017 година
18. Предлог-план за работа на локалниот економско социјален совет на Општина Велес за 2017 година.
Локалниот економско-социјален совет на седницата одржана на ден 10.02.2017 година го донесе свој План за работа за 2017 година. Активностите кои се предвидени за оваа година се дефинирани и со временски рокови за нивна реализација. Средства за реализација на овие планирани содржини се предвидени во Буџетот на Општина Велес за 2017 година.
19. Информација за активности во врска со превземањето на фудбалскиот клуб Борец 1919
Целта на оваа информација е запознавање на Советот на Општина Велес за одредени потреби на клубот. Од ФК Борец до Општина Велес доставија и програма за долгорочни активности во која точно се предвидени вложувањата и очекувањата на клубот.Воедно во неа се наведени и барањата на клубот во однос на користење на фудбалскиот терен и соблекувалните како за тренинг така и за одигрување на натпревари.
20. Предлог-решение за давање мислење за Програма за организирано изведување на ученичките екскурзиии и други слободни активности за учебната 2016/2017 година на ООУ „Стојан Бурчевски- Буридан“ с.Иванковци Велес
21. Предлог-решение за давање мислење за Програма за реализација на ученички екскурзии и други слободни активности за учебната 2016/2017 година на ООУ „Рајко Жинзифов“ Долно Оризари, Велес
22. Предлог-решение за давање мислење за Програма за реализација на ученички екскурзии и други слободни активности за учебната 2016/2017 година на ООУ „Блаже Конески“ Велес
23. Предлог-решение за давање мислење за Програма за реализација на ученичките екскурзии и други слободни активности за учебната 2016/2017 година на ООУ „Васил Главинов“ Велес
24. Предлог-решение за давање мислење за Програма за организирано изведување на ученичка екскурзија за учебната 2016/2017 година на ООУ „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ Велес
25. Предлог-решение за давање мислење за Програма за изведување на ученички екскурзии и излети за учебната 2016/2017 година на ООУ „Благој Кирков“ Велес
26. Предлог-решение за давање Мислење за програма за реализација на ученички екскурзии и излети во учебната 2016/2017 година на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Велес
Согласно Правилникот за начинот за изведување на ученичките екскурзии и другите слободни активности на учениците од основните училишта, се бара одобрување – мислење од Советот, најмалку 30 дена пред нивното изведување. Врз основа на добиените мислењата од Советот на родители, Бирото за развој на образованието и Советот на Општина Велес Училишниот одбор ја одобрува секоја програма за екскурзии и други слободни активности најмалку 20 дена пред нивното изведување.
27. Предлог-решение за формирање на Координативно тело за справување со аерозагадувањето во Општина Веле
На јавната расправа одржана на 28.12.2016г. заради актуелните состојби со аерозагадувањето во Општина Велес се донесе Заклучок за формирање на Координативно тело за справување со аерозагадувањето во општината. Советот на Општина Велес го формира Координативното тело на предлог на Градоначалникот на Општина Велес, кое ќе ја следи состојбата со квалитетот на амбиентиот воздух и ќе предлага неопходни мерки против загадувањето. Градоначалникот на Општина Велес упати официјално барање за номинирање на член од релевантни организации и институции кои писмено ги номинираа предложените стручни и компетентни членови за спроведување на наведените активности.
28. Предлог-решение за разрешување и избор на член на Комисија за финансирање, Буџет и локален економски развој
По престанокот на мандатот на член на Советот на Општина Велес истиот потребно е да се разреши и од член на Комисијата за финансирање, Буџет и локален економски развој и на негово место да биде именуван нов член.
29. Предлог-решение за давање согласност на одлуката за расходување на старо железо и прозорци на ООУ „Блаже Конески“ Велес
До Советот на Општина Велес пристигна барање за согласност за расходување на старо железо и прозорци од ООУ „Блаже Конески“ Велес. Од страна на училишниот одбор на ООУ „Блаже Конески“ донесена е Одлука за расходување на прозорци и старо железо со број 02-442/3 од 29.12.2016 година, исто така доставен е и Записник од комисијата за расход со број 03-435. Средствата кои се предмет на расходување се стари прозори кои се заменети со ПВЦ и старо железо од поправка на чешми, столчиња и клупи.
30. Предлог решение за разрешување и именување претставници на Општина Велес за членови во Надзорниот одборот за контрола на материјално - финансиското работење на ЈПССО „Парк-Спорт“ Велес
До Советот на Општина Велес пристигна предмет од ЈПССО „Парк-Спорт“ Велес со известување дека на двајца членови на Надзорниот одборот за контрола на материјално- финансиското работење им изминува мандатот. Времетраењето на мандатот на членовите на надзорниот одбор не може да биде подолг од четири години.
31. Предлог-решение за разрешување и именување претставници на Општина Велес за членови во управен одбор на ЈПССО „Парк-Спорт“ Велес
До Советот на Општина Велес пристигна предмет од ЈПССО „Парк-Спорт“ Велес со известување дека на четворица членови на Надзорниот одборот за контрола на материјално- финансиското работење им изминува мандатот. Времетраењето на мандатот на членовите на надзорниот одбор не може да биде подолг од четири години.
Со последната 31-ва точка, е исцрпен предложениот дневен ред за 64-та седница на Советот на Општина Велес.