Чист понеделник на Мегдан

Жителите од Мегдан ја продолжија традицијата. И годинава го одбележаа Чист понеделник. Празникот го прославија на начин како и претходните години, со песна, оро, мезе и пијалоци. Печат на настанот секоја година е традиционалниот бел грав.

Маалото кое е помеѓу Којник и црквата „Свети Пантелејмон“ ги пречека гостите од Велес, но и пошироко. Обичајот овде трае со децении. Жителите од Мегдан се горди на него и велат дека и во идина ќе продолжат со одбележување на Чист понеделник. Старите преданија и пишаните документи говорат дека овој дел од Велес е наречен Мегдан уште во Турско време. Зборот значи „чистина“ од каде се гледал тогаш целиот град.