13 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА АНИТА КРИШАН-ЛОЗАНОСКА
Денес на гробиштата во црквата „Св. Спас” во Велес почит и беше оддадена на Анита Кришан - Лозаноска. Таа како вработена во кабинетот на претседателот Борис Трајковски беше дел од делегацијата која во Мостар, пред тринаесет години, требаше да учествува на меѓународна економска конференција.
Но наместо да ја промовира Македонија таа животот го загуби во авионската несреќа заедно со претседателот Трајковски и останатите соработници и членови на екипажот. Вечното почивалиште на нашата сограѓанка, денес покрај најблиското семејство го посетија и делегациите од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, Владата и Општина Велес.