Се реконструираат улиците Милан Страчков и Тодор Ацев

Градежни активности на две локации во близина на Којник. Екипи од фирма изведувач се на улиците Милан Страчков и Тодор Ацев. Согласно програмата за работа на Општина Велес, прво се изврши тампонирање на улиците, се поставија ивичници, а сега во тек е прередување на коцката. На овој начин улиците ќе бидат многу подобро нивелирани. Друга придобивка е тоа што на граѓаните од тој дел на Велес, ќе им се реши и проблемот со атмосферските води.

Вкупната површина на која се работи е 340 метри. 200 се од улицата Милан Страчков, а 140 од Тодор Ацев.