Амбасадорот на Словенија во посета на Општина Велес

Амбасадорот на Република Словенија, Милан Јазбец денеска ја посети локалната самоуправа. Со градоначалникот Славчо Чадиев разговараше за многу актуелни теми од политичкиот и општествениот живот во државата и во градот. На средбата беше предочено дека двете земји, но и општините може да соработуваат во многу области за реализација на зеднички проекти со взаемна корист. Амбасадорот на Словенија беше придружуван од директорот на локалната библиотека Игор Крајчев и писателите Раде Силјан и Соња Должан.

Претходно тројцата беа дел од промоцијата на збирката „И ти светнува парче убавина„ од група на словенечки поети.