Бетонирана улицата Стефан Димитров во Керамидна

Привршуваат градежните работи на улицата Стефан Димитров во велешката населба Керамидна. Работници од фирма изведувач денеска ќе завршат со бетонирање на улицата која има околу 200 метри должина. Потоа ќе треба да се изведат уште неколку помали работи за доуредување на просторот и целосно ќе биде завршена реконструкцијата. Градежните зафати значат подобри услови за граѓаните кои живеат во овој дел на Велес. Реконструкцијата се изведува со средства од програмата за работа на Општина Велес.

Претходно на улица Стефан Димитров беше заменета старата водоводна линија со нова.