ФК Борец Јуниор на прием кај градоначалникот
Едни од најголемите фудбалски надежи на Велес, членовите на клубот Борец Јуниор денеска на прием кај градоначалникот Славчо Чадиев. На средбата со него, го запознаа со сите успеси кои во изминатиот период ги постигнаа младите фудбалери. Повод за денешната средба се одличните настапи на турнирот во Сандански, Бугарија, каде настапија две генерации на клубот и ги освоија првото и третото место во многу силна конкуренција на екипи од повеќе држави од Балканскиот полуостров. Генерацијата на деца родени во 2008 го освои првото место, а генерацијата 2007 беше третопласирана.
Од градоначалникот Чадиев денеска добија уверување дека општината во иднина ќе ги следи нивните резултати, напредокот кој го имаат и секако ќе им биде пружена помош кога ќе им треба. ФК Борец Јуниор во моментов има 62 деца-членови кои се распоредени во три генерациски категории. Со нив работат тројца тренери. Велат дека клубот нема да функционира без помошта на фирмите „Инса Водаинженеринг“ и „Фротком“. Нивната цел е да успеат да создадат здрави личности и фудбалски добро подготвени играчи кои во идина ќе го имаат главниот збор на терените во градот, државата или во странство.