Општина Велес пример за социјална вклученост

Општина Велес е една од најдобрите во земјата на полето на социјалната вклученост. Ова произлезе откако општина Велес заедно со општините Пробиштип и Куманово беа дел од проектот „Како до поголема социјална вклученост?“,кој го реализираше Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ од Скопје.

На денешниот настан воведно обраќање имаше и Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев кој истакна дека локалната самоуправа преку имплементирање на социјалните политики континуирано оди во насока на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Само во изминатава година ревидиран е Локалниот акциски план за лица со инвалидност( трет по ред), ревидирани се Стратегијата за стари лица – трета животна доба и Стратегијата за млади. На денешниот настан кој се одржа во хотел Карпош беа презентирани мониторинг извештаите со заклучоци и препораки за општините како да се подобри ефикасноста на ова поле. Општина Велес е една од ретките кои имаат програма за социјална заштита која се реализира преку целата година.