Започна бетонирање на улиците во Мамутчево
Започна бетонирањето во населеното место Мамутчево како дел од проектот „Реконструкција на улици“. Работници од фирма изведувач ја стартуваа последната фаза по која улиците ќе бидат во многу подобра ситуација од претходната. Согласно проектот ќе бидат реконструирани седум улици во Мамутчево со вкупна должина од 1007 метри.
Пет улици ќе се бетонираат, а две ќе бидат асфалтирани. Ист ваков проект веќе е отпочнат и во населеното место Чалошево. Таму се изведува реконструкција на улици во должина од 1062 метри. Вкупната Вредност на инвестицијата во двете населени места изнесува околу 12 милиони денари, средства обезбедени од Европска Унија преку ИПА претпристапните фондови, а администрирани според Светска банка.