Одбележан Денот на пролетта и екологијата
Еколошкото друштво „Вила Зора“ во соработка со Општина Велес и Советот на млади на Општина Велес денеска традиционално го одбележаа 21-ви март Денот на пролетта и екологијата. На плоштадот Сармаале се одржа „Пролетен еко-хепенинг“. На настанот учество зедоа учениците од основните училишта во градот и детските градинки.
Тие симболично на велосипеди возеа еден круг по градските улици за да ја подигнат свеста кај сите за потребата од поздрава животна средина. Присутните можеа да ги прочитат и еколошките пораки кои ги испратија најмладите.