Одбележан Светскиот ден на театарот

Во просториите на Велешкиот народен театар Џинот денеска се одбележа Светскиот ден на театарот. По овој повод беа прочитани меѓународната и националната порака со кои беше потенцирано значењето на оваа институција во животот на едно општество. Покрај многуте актери, режисери, драматурзи, денешниот настан со свое присувство го поддржаа Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев и Министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска.

„Театар љубов моја“ Тоа е претствата која вечерва премиерно по повод 27-ми Март ќе се одигра на малата сцена.