Младински парк во сино за денот на аутизам
Да се подигне свеста за аутизмот, за животот на граѓаните кои се болни од ова заболување. Тоа е целта на вечерашната манифестација на Светскиот ден на аутизмот 2-ри април. За визуелно поголем ефект светлата во младинскиот парк светеа во сина боја. Истовремено имаше и видео проекција филмот „Јас и мојот аутизам“. На овој начин Велес по четврти пат се вклучува во светската кампања за подигнување на свеста за аутизмот. Втора година во сино боја е осветлена фонтаната во младиснки парк ,а претходно две години беше театарот.
Организатори на настанот се ПОУ „Маца Овчарова“, невладината организација „Попи“ и Општина Велес.