Амбасадорот на Словачка во посета на Велес

Словачкиот амбасадор во Република Македонија, Мартин Безек денеска во посета на Општина Велес и Градоначалникот Славчо Чадиев. На средбата се дискутираше за повеќе теми, но акцентот беше ставен на идната соработка помеѓу овие институции, како и за можноста реномирана компанија од Словачка да отвори фабрика во општината. На денешниот состанок беа отворени уште многу актуелни теми од општествениот живот, а се разгледаа можностите за соработка на Велес и градови од Словачка на повеќе нивоа.

Како дел од посетата амбасадорот Безек ги разгледа можностите за инвестирање во Индустриската зона „Мамутчево“, а ги посети и спомен куќите на Рацин и Касапови каде лично се запозна со богатото културно историско наследство на Велес.