Велешка „Априлијада 2017“
Во Младинскиот парк во Велес денеска се одржа традиционалната манифестација велешка „Априлијада 2017“. На истата како и секоја година учество зедоа ученици од сите основни училишта во градот и клоновите на Детските градинки. По улиците на Велес и во младинскиот парк, најмладите продефилираа маскирани како супер јунаци, принцези, кловнови, полицајци и во уште многу маски кои ги подоготвија заедно со нивните рпдители.
Годинава денот на шегата 1-ви април се одбележа порано бидејки истиот е неработен ден и на учесниците сега повеќе им одговара. Традиционално организатор на манифестацијата е Општина Велес. Целта е децата да бидат креативни во изработката на костими и маски и да се дружат со останатите свои врсници од градот.