Потпишан меморандум за соработка за децата на улица

Во просториите на Општина Велес денеска потпишан меморандум за соработка со кој се предвидува унифициран и стандардизиран начин на постапување со децата на улица. Целта е нивна заштита, отргнување од улицата и целосно вклучување во општеството. Меморандумот за соработка освен Општина Велес го потшишаа и: Јавната установа Меѓуопштински центар за Социјална работа, Јавната здравствена установа Здравствен дом, Министерство за внатрешни работи Сектор за внатрешни работи, Јавната здравствена установа Општа болница.

Соработката помеѓу страните потписнички ќе се темели на над 10-тина примципи. Со склучувањето на овој Меморандум се обезбеди соработка за, мапирање на териториите каде престојуваат децата кој најголем дел од времето го поминуваат на улица и манифестираат асоцијални поведенија, анализа на потреби и проблеми на овие деца, организирање на кампањи со цел зголемување на јавната свест и достапност на информации од здравстввените работници кои можат да откријат повеќе појави кои претставуваат злоупотреба на деца.